Постои одреден вид на храна која може да ги предизвика за нас никогаш не посакуваните главоболка и мигрена. И не само дека храната може да биде главен виновник, тука веќе голем дел има и начинот на секојдневната исхрана. Постот, дехидрацијата или едноставно прескокнувањето на оброците, можат исто така да бидат главни предизвикувачи на главоболката. Како едно од можните решенија е и водење на некој вид на дневник, во кој ќе ги запишувате моментите во кои дошло до главоболка, и на тој начин ќе бидете во можност прецизно да одредите кој вид на храна е главен виновник.
Сепак, за да ви ја олесниме потрагата по главната причина, ќе наведеме која храна, пијалоци и адитиви најчесто доведуваат до врска со главоболката.
Стари (созреани) сирење и други врсти на храна кои во себе носат тиранин
Тиранинот е супстанца која природно може да се најде во одреден вид храна. Како храната сè повеќе старее, доаѓа до разградување на протеинот, како и до настанување на оваа супстанција. Воопшто говорејќи, што повеќе храна богата со стар протеин, се зголемува и количината на тираминот. Кога станува збор за сирење, неговата застапеност исклучително се разликува доколку е во прашање некоја друга врста на храна, и тоа пред сè поради варирањето во процесот на обработката, ферментирањето, стареењето, па дури и начинот на влошување под дејството на бактериите. За лицата кои за лечење на главоболката земаат инхибитор, многу е важно да ги избегнуваат сите врсти на храна, која во себе содржи тирамин. Се мисли пред сè на старото сирење, црното вино и алкохолните пијалоци, како и на некои видови преработено месо.
Алкохол
Во моментите кога консумирате алкохолни пијалоци, доаѓа до зголемување на прилив на крв во мозокот. Некои научници најголема вина препишуват на нечистотијата на алкохолниот пијалок и споредните производи кои настануваат за време на преработката на алкохолот во вашиот организам. Црно вино, пиво, виски и шампањ влегуваат во групата озогласени адитиви
Конзерванс или адитиви, составен дел од некои видови на храна, исто така можат да предизвикаат главоболка. Некои од нив, како што е нитратот, предизвикуваат ширење на крвните садови, што кај некои луѓе предизвикува главоболка.
Ладна храна
Не е редок случај ладната храна да предизвикува главоболка. Веројатноста се зголемува доколку премногу сте се загреале, било од некои физички активности или едноставно од премногу топло време. Интензивна болка, во пределот на челото, обично е интензивен првите 25-60 секунди, а трае од неколку секунди до неколку минути. Повеќе од 90% од особите кои патат од мигрена се жалат и на преголема осетливост кога станува збор за сладолед и друга ладна храна.
Видови на сирење кои во себе содржат поголема концентрација тирамин:
- Бри
- кедар
- фета
- горгонзела
- моцарела
- пармезан
- швајцарско сирење
- преработено сирење
Видови на храна со најголеми концентрација на адитиви:
- хот-дог
- шунка
- колбаси
- месни преработки
Главни симптоми на главоболка предизвикани од адитиви:
- притисок во градниот кош
- притисок во главата
- чувство на топлина во градите, вратот и рамената
- црвенило на лицето
- вртоглавица
- силна главоболка и болка во предниот дел и по страната на главата
- нелагодност во стомакот.
