Art & Crafts

Храна која треба да ја избегнувате пред да одите на плажа

Ако се подготвувате за летен одмор и плажа, следните неколку намирници би требало да ги избегнувате доколку не сакате проблеми со варење на храната:

Газирани пијалоци

Пред да одите на плажа избегнувајте ги апсолутно сите газирани пијалоци бидејќи тоа сигурно ќе предизвика надуеност.

Солена храна

Солената храна предизвикува задржување на течностите во телото, иако тоа не мора да значи дека ќе предизвика надуеност во стомакот. Затоа бирајте храна која има што помалку натриум во себе.

Зеленчук од видот на зелки

Иако кељот, зелката и брокулата се одлични намирници за слабеење, сепак не е препорачливо да ги консумирате пред заминување на плажа бидејќи предизвикуваат надуеност.

Гуми за џвакање

Звучи сосема безобразно, но всушност гумата за џвакање може да предизвика науденост поради тоа што со џвакање ќе проголтате голема количина на воздух.

Слатки пијалоци

Доколку сте поддржувачи на слатките пијалоци и коктели на плажа, размислете уште еднаш: помеѓу природните шеќери и вештачките засладувачи кои се наоѓаат во сите пијалоци, високото ниво на фруктоза може да предизвика надуеност.

Млечни производи

Ако имате било каква форма на нетолеранција на лактоза – избегнувајте млечни производи пред одење на плажа. Тие предизвикуваат надуеност и многу други стомачни проблеми.

Write A Comment