Здраво тело

Храна против анксиозност

Анксиозноста представува составен дел од животот на секој современ чоек и обично се решава со посета на психотерпевт или земање одредени лекови.

ЧАЈОТ ОД КАМИЛИЦА  Е ОДЛИЧЕН БОРЕЦПРОТИВ АНКСИОЗНОСТ

Меѓутоа многумина не се свесни дека подеднакво важна во борбата  со овој проблем е и избаласираната исхрана заедно со физичката активност.

Овие две работи неможат да се водат како лек против анксиозноста , но докажано е дека секако позитивно влијаат на расположението и севкупното здравје.

Како што многу продукти имаат моќ да го намалат стресот, така и за некои се утврди дека се одлични за ублажување на состојбата на анксиозноста.

Прочитајте ги петте клучни во борбата со овој проблем:

РИБА БОГАТА СО МАСНИ КИСЕЛИНИ

Во студијата направена од Охајо универзитетот, студентите кои земале суплементи омега 3 масни киселини успеале да ја намалат анксиозноста за околу 20 проценти, во однос на оние кои земале плацебо. Не е нужно да се одлучите за суплементи од оваа киселина, но можете да се префрлите на исхрана  која ги содржи омега 3 масните киселини, како што се одредени врсти на риба.

ЧАЈ ОД КАМИЛИЦА

Камилицата се користи во здравствени цели уште уште од дамнешни времиња, но новите истражувања покажале дека позитивно влијае на лица кои имаат благ до умерен облик на анксиозност.

ЈАЈЦА

На мозокот му е потребна голема количинана витамин Б за да функционира нормално. Кога имаме недостаток од овој витамин во организмот доаѓаме до состојба на нервоза, анксиозност, осетливост и многу други последици.

Трудете се  да внесете во исхраната продукти кои се богат извор на витамин Б,  како што се  цитронските овошја или јајца.

ПРОБИОТИЦИ

Од поодамна знаеме дека мозокот и стомакот се во некаква врска  инаку како на друг начин би го опишале  осетот за  глад? Меѓутоа, поновите истражувања покажаа дека  бактериите во нашиот стомак  имаат одредени влијаниа на нашите чувства. Пробиотици, добри бактерии, овозможуваат  правилно функционирање на дигестивниот систем, но  некои од нив , кои се наоѓаат во јогуртот  ги намалуваат симптомите на стрес, анксиозност и  депресија.

Нучниците истакнуваат дека ваквото откритие охрабрува, но и дека се потребни  понатамошни истражувања.

ЗЕЛЕН ЧАЈ

Зелениот чај е богат извор на аминокиселини, Л- теанин, кои имаат смирувачко дејство на човекот. Едно истражување покажало дека студенти за кои е својствена анксиозноста , останале  посмирени  по земање на само 200 милиграми од оваа амино кисеина.

 

 

 

Напиши коментар