Директен причинител на чирот на желудникот е прилично едноставен. Желудникот лачи поголемо количество на желудечна киселина и ензими за варење, отколку што желудечната слузокожа и дванаесетпалачното црево, се во состојба да поднесат.
Според тоа, мешавината на киселина и ензими го разјадуваат ткивото на слузокожата на желудникот, како резултат на што се јавува чувство на печење и болка.
Сето тоа предизвикува воспаление, ранички, перформации, а понекогаш и крварење проследено со исклучително силни болки во стомакот. Поради тоа, чиревите преставуваат нарушена рамнотежа, помеѓу прекумерното лачење на киселина и неспособноста на желудечната слузокожа да и се спротистави.
Храната и пијалоците кои патуваат низ желудникот и цревата, веднаш влегуваат во подрачјето каде што се наоѓа чирот, па можат или да ги ублажат или да ги влошат болките.
Умно е да се јаде храна која дејствувапротив чирот, вклучувајќи сос од кисела зелка, банани, особено брашнести банани, зелен чај, ако е декофеинизиран, природен сладок корен во умерени количини, храна богата со влакна и црвен грав.
