Убавина

Храната влијае на кожата на лицето!

Kозметичарите и дерматолозите советуваат дека треба да се негува кожата со препарати наменети на одреден вид на кожа, сигурно ќе ве потсетат и на тоа дека ќе заблескате и ќе добиете поубава боја на кожата, ако внимавате на тоа каква храна конзумирате. Затоа е неопходно на некои намирници, зависно од видот на кожата, да им дадете предност на чинијата, додека другите треба да ги занемарите.

Масна и осетлива кожа

Избегнувајте маснотии и шеќер, но немојте да ги заборавите наполно. На пример, за време на утринското кафе или додека пиете чај ставете само една лажичка шеќер или мед. Наместо, бел рафиниран, користете кафен нерафиниран шеќер. Проблематичниот тен ќе биде поубав ако јадете мисиркино месо, пилешко или телешко месо. Но препорачливо е да се конзумира и поголема количина на риба, како и свеж и полесно готвен зеленчук. Од овошките посебно се препорачува бананата, а од сирењата, кравјото, козјото и овчото. Колачињата и другите слатки најубаво е да се заменат со јогурт, а наместо путер при припремање на храната користете билно и екстра ниско калорично маслиново масло. Би било добро, салатите наместо бибер и сол, да ги зачините со лимонов сок, а можете исто така да им дадете „шмек“ на оброците и салатите со лук и зачински билки. Вода и природна лимонада нека ви бидат замена за газираните и алкохолните пијалоци.

Сува кожа

Пијте млеко, јадете пилешко, риба и мисиркино, а понекогаш можете да си дозволите и некој друг вид на месо. Доколку вашата кожа има недостаток од маснотии можете да си дозволите и видови на сирење кои содржат повеќе маснотии, но мора да се внимава и на течностите, така што неопходно е секојдневно да пиете литро до две вода. Препорачани се, исцедени овошни сокови од грејпфрут, мандарина и други сезонски овошки. Притоа не треба да се занемари ни компотот, но внимавајте да не претерате со засладувањето. Зеленчукот на вашето мени е многу повеќе од добродојден, особено салатата, спанаќот, зелката, морковот и други видови кои содржат многу вода.

Write A Comment