ШоуБиз

Хуманитарна акција: Плати за да не го слушаш Бибер!

Не сакаш да те тресе Бибер треска? Донаирај пари за добротворни цели за помош во училиштата во Гана, и хорорт ќе престане. Еден студент изјавил за локалните медиуми дека “главата ќе му експлодира”.

Песната на Бибер “Baby” постојано се врти за време на паузите за ручек и помеѓу часовите, како дел од “единствената” хуманитарна мисија. Несреќните студенти ги даваат буквално сите свои пари само за да го зачуваат здравиот разум.

“Некои од нас ќе оглуват. Прилично сум сигурен дека денеска испив пет апчиња против болка”, изјавил еден од “напатените” тинејџери.

Творец на овој метод за собирање пари за децата во Гана е Конор Стејклин (17) од средното школо во Тенин, во државата Вашингтон. Иако стана потенцијална жртва на малтретирање до крајот на својот живот, тој рече дека нема намера да запре додека не почувствува дека сите негови другари доволно се “отвориле”.

“Колку повеќе пари ќе собереме, толку подобро за нив”, рекол Стејклин.

Напиши коментар