Мојата кујна

Хумус

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 125 г наут (непечена леблебија)

* 1/4 лажица сода бикарбона

* 1 чешниња лук

* 40 г таан

* 1 цедени лимони

* 50 мл вода (вода во која се вареше наутот)

* 30 мл маслиново масло

* ½ лажица сол

* малку црвен пипер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Наутот потопете го во вода и оставете го да кисне преку цела вечер заедно со сода бикарбоната. Вака омекнат, варете го околу половина час или се додека комплетно не омекне, но водејќи сметка да не се распадне. Исцедете го, но зачувајте барем 250 мл од водата.

Во блендер, ставете ги сите состојки и блендирајте се додека не добиете кремаста структура. Доколку смесата е прегуста, додадете уште малку од водата во која се вареше наутот.

Хумусот сервирајте го во плитка здела, одозгора сипете малку маслиново масло, наросете црвен пипер и послужете го со домашно печено лепче.

Write A Comment