
Едноставна и брза подготовка…а задоволството е загарантирано.
Идеален вкус во комбинација со Вашите најомилени грицки.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 милилитри пиво
250 грама крем сир
100 грама рендан кашкавал
1 лажица магдонос
1/2 лажиче лук во прав
1/2 лажиче зачин
1/2 лажиче сол
1/2 лажиче бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во помал сад крем сирот зачинете го со зачинет.
Потоа додадете ги останатите намириници и измешајте за да добиете добиете хомогена смеса. (Нема да згрешите доколку го додадете и Вашиот омилен зачин, оригано, рузмарин, босилек, мајчина душичка, црвен пипер…)
Доколку добиениот сос е премногу густ тогаш додадете пиво а доколку е редок додадете крем сир.
Вака подготвениот сос, оставете го фрижидер да отстои околу 3 часа.
Сервирајте го сосот со вашите омилени грицки.
Уживајте!!!