Sweet Home

Имајте совршена тоалетна просторија!

Глемината на бањата го дефинира и бројот и димензиите на санитарните уреди, а нивната положба треба да овозможи пократок доводнен и одводен канал.

Кадата како составен дел на секоја бања, може да биде изведена на неколку начини: самостојна, заѕидана, впуштена во подот… Важно е при планирање и опремување на бањата да се предвиди употребниот простор на кадата.

Мијалникот може да биде самостоен или во рамките на друг елемент во бањата, а димензиите можат да бидат различни, во зависност од големината на просторот и бројот на бањите во домот. Освен функцијата, тој денес станува и битен естетски детал. Внимателно треба да се избере неговата положба и димензии, почитувајќи ги притоа минималните употребни димензии – 90cm широчина и 55 cm предпростор на мијалникот.

Бидето се употребува во поголемите бањи, а оддалеченоста од ѕидот треба да биде 10-11 cm. За подобар визуелен ефект во бањата, треба да избегнуваме WC шољата да биде директно изложена на погледот при отворање на вратата . Предпросторот кај неа треба да изнесува најмалку 60cm.

одот на бањата задолжително треба да биде водонепропусен. Ова барање во потполност може да се исполни со поставување на плочки или камен. Притоа треба да се обрне внимание на форматот на плочките, бидејќи преголемите формати визуелно го намалуваат просторот. Истотака пожелно е бојата на поплочување да биде потемна нијанса од бојата ѕидот (или еднаква нијанса со ѕидот) за да просторот не би бил визуелно “оптоварен”.

Ѕидовите поплочете ги во согласност со тоа кој впечаток сакате да го постигнете. Доколку сакате да ги истакнете елементите во бањата, поплочувањето треба да биде поедноставно.

Доколку не сте подготвени да издвоите средства за скапа ексклузивна опрема, поиграјте се со боите, кои ќе го привлечат вниманието и ќе ги стават недостатоците на бањата во втор план.

Прозорците треба да бидат сместени спроти кадата (поради заштита на мокрото тело од провев), а идеален извор на светлина е од левата или од предната страна на мијалникот. Доколку прозорците се со поголеми димензии, овозможена е поголема вентилација на воздухот.

Write A Comment