Како лицето и вратот, така и рацете ја издаваат возраста на жената. Затоа ви даваме совети за нега и освежување на овој дел од телото. Направете тоник за рацете од:
- 100ml масло од рицинус
- 100ml маслиново масло
- Сок од лимон
Затоплете ги маслата и потоа додајте го сокот од лимон. Потопете ги прстите во смесата. Останете во таа положба 15 минути. Потоа направете си масажа на целата дланка. Отстранете ја смесата со млака вода и сапун.
Доколку пак рацете ви се црвени, сварете еден компир, испасирајте го и додајте во него една супена лажица маслиново или бадемово масло. Нанесете ја смесата на рацете и оставете ја да делува 15 минути. Потоа измијте ги рацете со млака вода.
Важно е да се знае дека лимонот ги отстранува и флеките и ги зацврстува ноктите. Пресечете еден лимон на половина и масирајте ги рацете и лактите. Вашата кожа ќе биде мека и нежна. За да ја отстраните острата непријатна миризба од риба или лук, сè што треба да направите е да ги измасирате рацете со паста за заби. Лимонот ја отстранува непријатната миризба од цигарите на рацете.
