Здраво тело

Инхалација од мед за лекување на бронхитис

Доколку имате проблеми со дишењето или имате бронхитис, ви препорачуваме да правите инхалација со мед, во домашни услови.

Сè што треба да направите е строго да се придржувате до следната постапка:
Во тенџере или лонче од 250 мл ставете 50 мл вода и една лажица чист, природен ливадски мед. Потоа, ставете го лончето да се загрее на тивка температура за да може полека да врие и да испарува. Откако ќе почне да испарува, застанете на 20 см над лончето и ставете крпа на вашата глава. Инхалацијата трае 25 минути, време за кое треба да испари целата вода, а на крај ќе почувстувате мирис на загорен шеќер.
Постапката се повторува еднаш дневно во текот на 2-3 недели. После инхалацијата треба да мирувате во лежечка позиција најмалку 1 час.

Напомена: Инхалацијата трае прилично долго, сместете се удобно. Доколку ова го применува дете, внимавајте да не заспие, посебно во последните 5-10 минути.

Додаток: Додека ја применувате оваа терапија се препорачува на секои 3 часа во текот на денот полека да лижете по една лажица ливадски мед, за деца може и по половина лажица.

Write A Comment