Спорт

Иниеста заради семејни проблеми нема да продолжи да игра за Барселона!

Андрес Иниеста кој е дел од тимот на Барселона, нема да биде во составот за натпреварите што следат, соопшти клубот.

Сопругата Ана Ортиз на Иниеста имала спонтан абортус и го загубила бебето. Таа била во последните месеци од бременоста. Иниеста на недоредено време нема да биде во тимот на Барселона, пишуваат шпанските медиуми.

Поради отсуството на Иниеста, во тимот ќе биде Ибрахим Афелај, кој долго време отсуствуваше поради повреда.

Барселона по 26 одиграни натпревари во Примера има 63 бодови, еден помалку од Реал Мадрид и дуелот со Ваљадолид за овој тим е еден од клучните во борбата за шампионската титула.

Напиши коментар