ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 3 супени лажици интегрален ориз

* 3 супени лажици див ориз

* 3 супени лажици црвен ориз

* 1 мала конзерва грашок

* 1 павлака

* 100 г кашкавал (рендан)

* 250 г пилешки стек

* 1 мала главица кромид

* 3 чешниња лук

* малку сол, бибер, куркума, мајоран

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Одвечер ставете го оризот да кисне во вода.

На масло ставете да се пропржи кромидот и лукчето. Потоа додадете го месото сечкано на коцки и убаво издинстајте.

Исцедете го оризот од водата и додадете го во вог-тава. Пропржете едно 5 минути и полијте со вода да се свари оризот. По потреба може да се додаде вода. За да биде добро сварен оризот варете на тивко со поклопец.

Откако ќе биде сето убаво сварено додадете го грашокот и павлаката, добро промешајте и динстајте околу 5 минути. На крај зачинете со сол, мајоран, бибер и добро промешајте.

Изренданиот кашкавал додадете го на крај и оставете да се стопи. Сервирајте и поросете со малку куркума.

 

Напиши коментар