Motherhood

Интересни факти за бременоста: Поголеми гради ако чекате девојче…

Зарем не е неверојатно што бремената жена може да насети каков е полот на нејзиното бебе, дека  клетките од бебето засекогаш остануваат во телото на мајката, дека бебето од стомакот слуша музика и се она што оклу неа се случува и дека бременоста е состојба во која жената е можеби најпривлечна… Еве неколку интересни работи поврзани со бременоста.

Поголеми гради кај бремените жени што носат девојче

Обликот на градите има врска со полот на бебето. Имено, доколку носите девојче ќе имате поголеми гради во текот на бременоста. Кај мајките кои носат момче тестостеронот доведува до тоа градите да станат помали.

Бујна коса во бременоста

Бременоста и пренаталните витамини ја прават тенката коса бујна, и даваат сјај, па правењето фризури во тој период е многу поедноставно.

Бремените жени се привлечни

Многу бремени жени мислат за себе дека не се привлечни, но мажите не се сложуваат со тоа. Една студија покажа дека 60 проценти од мажите ја чувствуваат истата доза на привлечност кон својата партнерка исто како и пред бременоста, додека 27 проценти од мажите имаат поголема желба за секс со својата бремена партнерка.

За се се криви хормоните кои во текот на бременоста влијаат на убавината и привлечноста.

Интуицијата го открива полот на бебето

Кога бремената жена го сонува своето неродено бебе и во сон открие кој е полот на бебето, обично е во право. Во позадината на тоа е женската интуиција, иако не е сосема објаснета, подржана е од страна на науката.

Бебињата комуницираат од стомакот

Бебињата комуницираат уште од стомакот, обидувајќи се да привлечат внимание. Движењето во стомакот, удирање со нозете или забрзано чукање на срцето – значи дека бебето се обидува да комуницира со околината.

Исхраната и полот

Според традиционалното верување, бремените жени кои сакаат да имаат момче – треба да јадат повеќе црвено месо и солени грицки. Ако се одлучат за девојче, за нив е најдобро да јадат риба, зеленчук и чоколадо.

Мирисот на телото потсвесно влијае на партнерот

До третото тромесечје, во потта на бремената жена се шпојавуваат нови хемиски соединенија (феромони). Никој не е сигурен зошто тие се појавуваат и исчезнуваат веднаш по породувањето. Една од теориите е дека новороденчето со нивна помош го препознава мирисот на мајката. Овој суптилен мирис кај партнерот потсвесно предизвикува производство на хормони, како што е пролактин, кој влијае на врзување и подготвеност за татковство. Мажите кои имаат високо ниво на пролактин повеќе се грижат за бебето од оние кои имаат пониско ниво.

Клетките од бебето остануваат во организмот на мајката

За време на бременоста, клетките на бебето преку плацентата доаѓаат до мајката и тука остануваат засекогаш. Најчесто се во белите дробови на мајката, во штитната жлезда, црниот дроб, цревата, грлото на матаката, жолчното кесе, слезината, лимфните јазли и крвните садови. Клетките на бебето исто така можат да живеат и во мајчиното срце и мозок.

Напиши коментар