Мојата кујна

Интересни факти за сладоледот

Сладолед е студен десерт кој обично се подготвува од млеко и крем, во комибинација со овошје, чоколадо и други состојки. Во повеќето видови сладолед има шеќер, а во некои има вештачка боја или вкус за храна, наместо вистинските продукти.

Историја

Се смета дека потекнува од стара Кина, иако тогаш бил само студен десерт, помалку или повеќе благ, направен од овошни сокови чувани во снег во подземни простории. Рецептот го презеле Персијците, Индијците и Арапите, а овие го пренесле на Сицилија, каде рецептот е усовршен.

На времето сладоледот бил резервиран само за богатите, а денес веќе не се смета за луксуз.

Интересни податоци

  •     Првата продавница за сладолед и студени продукти е забележана пред 4000 години во Месопотамија.
  •     Кралот Чарлс I (1600-1649) толку многу го засакал сладоледот, што на својот готвач му понудил доживотна пензија само за да го чува во тајност рецептот.
  •     Првиот јавно публикуван рецепт за сладолед се наоѓа во книгата „Mrs. Mary Eales’s Receipts“ од 1718 година.
  •     Најголеми „јадачи“ на сладолед на годишно ниво се Американците, а веднаш зад нив Австралијанците и жителите на Нов Зеланд.

Write A Comment