Motherhood

Интимните односи, децата, целите и парите се работи кои можат да ви ја нарушат врската: Разговарајте со Вашиот партнер!

Како ги трошите парите и на што – тоа е голем проблем за многу парови, бидејќи често ставовите се разликуваат. Или доколку, вашиот партнер сака да водите љубов еднаш неделно, а вие секој ден, или обратно, тоа може исто така да се смета како голема разлика!

Не треба континуирано да разговарате на овие сериозни теми, но, доколку сте долго заедно и ја планирате заедно иднината, ова се темите за кои порано или подоцна ќе морате да разговарате со вашиот партнер.

Пари

Како ги трошите парите и на што – тоа е голем проблем за многу парови, бидејќи често ставовите се разликуваат. Не треба совршено да се сложувате, но е важно да не бидете изненадени кога ќе сфатите дека сте сосема различни во размислувањето на  оваа тема.

Деца

Дали сакате да имате деца или пак кога?! Се чини дека овој разговор може да ги искомплицира работите, но доколку пак не го направите, можете да бидете разочарани откако ќе почнете да разговарате за тоа.

Цели

Доколку и двајцата сакате семејство, тогаш нема никаков проблем…но ретко може во се да се согласувате. Најчесто врските се нарушуваат кога ќе дојдат важните прашања. Доколку вие, на пример, веднаш би заминале да живеете во странство, а вашиот партнер никогаш не би ја напуштил земјата на подолго време, имате навистина проблем кој може да ве раздели.

Интимните односи и очекувања

За ова не е потребно сериозен разговор, но добро е да дефинирате кој што сака. Доколку вашиот партнер сака да водите љубов еднаш неделно, а вие секој ден, или обратно, тоа може да се претвори во поголем проблем.

Напиши коментар