Статијата исхрана и бременост се однесува на консумирањето хранливи материи и внимавање на исхраната пред, за време на и по бременоста. Мари Е. Бараси забележува дека сите диетални совети кои се однесуваат на исхраната за време на бременоста, претставуваат важни фактори за определување на здравјето на зачнатиот ембрион во иднина. Освен тоа, забележано е дека некои фактори во врска со исхраната го намалуваат ризикот од појава на болести во детството и ризикот од несакана смрт, зашто и помагаат на мајката да го снабди организамот со хранливи материи.
Во една прелименарна студија од 1950 година, која се однесува на врската помеѓу исхраната и бременоста, забележано е дека детето на жена која што во првите осум недели од бременоста конзумирала минимални вредности на хранливи материи постои повисока стапка на смртност или растројство, за разлика од децата родени од мајки кои воделе грижа за својата исхрана, бидејќи рестрикциите во матката кај овие деца се во помал број.
Слабата исхрана, пред и за време на бременоста е поврзана не само со физички нарушувања, туку и со невролошки пореметувања и хендикеп. Поради нарушување на исхраната на мајката, детето во подоцнежниот живот може повеќе да подлежи на дегенеративни заболувања.
Следниве страници се однесуваат на релевантноста на исхраната за време на бременоста и доволно внимателно се проучени со цел да бидат корисни за мајката или двојките кои што планираат семејство.
Олеснувачки фактори во врска со исхраната за време на бременоста
Познато е дека, зачнувањето или неколку недели потоа е период кога ембрионот е најмногу чувствителен, бидејќи се создаваат неговите органи и системи. Причината за правилно консумирање на хранливи материи за време на бременоста е особено важна бидејќи енергијата, потребна за создавање на видовите системи, произлегува од енергијата и хранливите материи од циркулацијата на мајката од внатрешниот ѕид на матката.
За време на првата фаза од бременоста плацентата сѐ уште не е формирана. Поради тоа ембрионот сѐ уште нема заштитен механизам од дефициенции, кои што може да бидат својствени за циркулацијата на мајката. Затоа консумирањето точни вредности на хранливи материи и енергија за време на бременоста е особено важно.
Еден од проблемите кои претставуваат потешкотија за бремената жена е дека недостатокот од фолна киселина предизвикува дефекти на нервните туби. Кај жената која во својот организам има 4 мг фолна киселина поради дополнително консумирање на истата, 3 месеци пред породувањето, ризикот од дефекти на нервните туби кај фетусот значително се намалува. Денес, ова е подржано од Министерството за здравство на Обединетото Кралство, коешто дневно препорачува консумирање на фолна киселина од 400 мг.
Внесувањето на ретинол, во исклучителни случаи, се поврзува со децата со вродени мани и абнормалности. Како и да е, правилното внесување на ретинол не се смета за штетно. Забележано е дека порција од 100 гр. џигер, може да содржи голема вредност на ретинол. Затоа за време на бременоста, најдобро е да не се консумира секојдневно. Преголемата доза на ретинол има штетно влијание слично како прекумерената консумација на алкохол.
Потврдено е дека прекумереното консумирање на алкохол за време на бременоста, предизвикува фетален алкохолен синдром. Светската здравствена организација препорачува дека алкохолот за време на бременоста требе целосно да се избегнува, со оглед на тоа што предизвикува релативно непознати ефекти, дури и во случаи кога се консумира во мали количини.
Корисни фактори во однос на исхраната за време на бременоста
Во раната фаза од бременоста, вредноста на мастите во крвта на жената може да се открие. За дебелите жени кои сакаат да забременат, препорачливо е да ја намалат својата телесна тежина пред зачнувањето, поради тоа што неплодноста е поврзана и со дебелината.
Истражувањата во врска со енергијата и напорот, потребни за време на метаболичните промени на телото покажаа дека жената која има оптимално складирање на масти и соодветна дополнителна консумација на хранливи материи има полесно породување . Ова беше забележано преку мониторинг на нивото на лептин за време на бременоста.
Исхраната по бременоста
Соодветната исхрана на мајката е особено важна и по породувањето, бидејќи и помага на мајката да закрепне и да ја снабди со доволно енергија и хранливи материи за да го дои своето дете. Жената која што серумот феритин го има во количина од 70 микрограми во литар, потребно е за време на бременоста и по раѓањето, дополнително да консумира железо, со цел да го заштити фетусот од појава на сидропенична анемија.