← НАЗАД НА БОЗА

Искористете ги дрвата од зимата, за декорација на дворот!

Искористете ги дрвата од зимата, за декорација на дворот!
3898 Читања

Овие неколку предлози се вклопуваат во секој амбиент, а ви дозволуваат да засадите какво растение и да посакате.

Трупецот од пресечено дрво во дворот на кој одамна не знаете што да му правите, конечно можете да го наполните со омиленото цвеќе. Издлабете го, посипете земја и засадете.

Дел од стебло од било кое дрво може да биде одлична саксија за цвеќе. На истиот начин засадете ги цвеќињата, со таа разлика што оваа вазна или саксија, наречете ја како сакате, можете да ја преместите во било кој дел од дворот.

Дел од стебло со природно издлабен дел може да биде прекрасна саксија која можете да ја поставите веднаш до дрвената ограда.

kako-da-zasadite-cveke-vo-star-trupec-od-drvo-03

Хоризонтално поставеното стебло може да биде одлична висока саксија која ќе ја поставите веднаш до влезната врата.

Цветната градина од неколку издлабени стебла е одлична доколку имате повеќе простор во дворот кој не знаете како да го пополните. Распоредете ги стеблата на неколку места и создадете прекрасна целина.

Уште пак ако сте доволно креативни и умешни да изведете голема саксија на ногарки? Уникатна декорација!

Гранките од бреза исто така се одлична декорација на едноличните саксии кои нема ни да се гледаат. Заврзете ги околу саксијата и инстантно добивате нова и природна декорација.

Покрај тоа што во дворот изгледаат одлично, саксиите од тенки гранки би биле одлична декорација во домот.

Погледнете како овие идеи ќе изгледаат кога ќе ги приментите во вашиот двор…

kako-da-zasadite-cveke-vo-star-trupec-od-drvo-02

kako-da-zasadite-cveke-vo-star-trupec-od-drvo-04

kako-da-zasadite-cveke-vo-star-trupec-od-drvo-05

kako-da-zasadite-cveke-vo-star-trupec-od-drvo-06

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk