Motherhood

Искрена и вистинска љубов: тоа е она што останува…

Почетокот на оваа историја произлегува од далечното минато, кога еден татко ја искарал својата петгодишна ќерка, затоа што изгубила скапоцен предмет, а во тоа време, тие немале многу пари.

Настанот се случува за време на Божиќните празници…

Следниот ден девојчето му подарило на својот татко еден мал подарок и му рекло: Тато, ова е за тебе!

Кога таткото ја отворил кутијата, и видел дека таа е празна, многу се натажил и одговорил: Знаеш ли дека кога нешто се подарува, се очекува да има нешто внатре, а не да биде празно?

Девојчето тажно го погледнало со солзи во очите и одговорило: Тато, но кутијата не е празна! До врвот е наполнета со бакнежи само за тебе!

Таткото бил трогнат. Силно ја прегрнал ќерка си и ја замолил да му прости.

До крајот на животот ја чувал кутијата.

И секогаш, кога се чувствувал осамен, изгубен и тажен, ја земал кутијата, ја отварал и земал по еден бакнеж кој го потсетувал на огромната љубов на неговата ќерка…

Write A Comment