Дестинации

Island Hideaway Spa Resort & Marina – Dhonakulhi, Mалдиви

Овој прекрасен хотел е сместен на ненаселениот остров Dhonakulhi – на северниот дел на Малдивите во Индискиот океан. За првпат е отворен во август 2005 година со спектакуларни вили и пристаниште од светска класа. Ова место не е залудно наречено парче од рајот за доживување на целосен мир и спокојство.

Овде, природата и луксузот хармонично се претопуваат. Целиот остров и лагуната се ексклузивно предодредени само за посетителите. Гостинските вили се едни од најголемите од сите ресорти на Малдивите. Овие величествени вили се сместени во бујно зеленило и распоредени по должината на плажата на околу 30 метри оддалеченост едни од други, обезбедувајќи целосна  приватност на гостите. Секоја од вилите на островот овозможуваат неверојатни панорамски погледи кон убавата тиркизна лагуна и Индискиот Океан.

И покрај големиот капацитет и услуги на овој хотел, искористеноста на островот и лагуната е едвај 5%, оставајќи ги останатите 95% во нивната оригинална состојба, недопрена од страна на човекот, предодредени за уживањето на гостите.

Напиши коментар