Motherhood

Историјата на едно недоносено бебе која ги стопи срцата на целиот свет (Видео)

Ако некогаш, поради некаков повод сте се сомневале дека волјта за живот на еден човек  може да биде скршена, погледнете го ова видео и пак ќе зборуваме!

Најсилниот полнеж кој го носи во себе секој од нас е токму искрата за животот. И еден од доказите за ова е токму приказната за едно мало, недоносено бебе, кое иако при раѓање тежи само 600 грама, преживува!

Мајчината љубов, верата и сигурни сме – вродената волја за живот, му помагаат на ова кревко суштество да израсне како среќно дете.

Лекарите не даваат речиси никакви шанси, но и покрај црната “реалност”, Бенџамин и Линдзи не престануваат да веруваат дека чудата се можни и дека нема да го изгубат малиот син.

По некое време, кога чудото е факт, Бенџамин прави трогателно видео кое и го подарува на својата сопруга по повод нејзиниот роденден.

Ова видео ги стопи срцата на луѓето од целиот свет, бидејќи е жив доказ за тоа дека љубовта и силната вера можат да го претворат невозможното во возможно.

Write A Comment