man fashion

Изберете добро одело!

Сигурно дека нема да седиш цела вечер со сакото на тебе, изигрувајќи сноб. Во одреден дел од вечерта ќе го соблечеш. Но, треба да знаеш дека кошулата која што ќе ја носиш под сакото, треба сосема да одговара на целото одело но и да биде направена од лесен материјал, за да немаш непријатности под пазувите.

Во ред е да сакаш да изгледаш различно од секој друг тип на забавата. Но ова не значи дека треба да облечеш фармерки со каубојски чизми со сако и кошула. Плаво сако е вистинскиот избор доколку сакате да бидете поинаков од другите. Со него оди бела кошула и црна кравата. Кога одиш на елегантно случување, подобро би било да ги оставиш пластичните и гумени саатови кои не пропуштаат вода. Наместо нив, одлучи се за саат со црни кожни ремчиња.

  • Сатенското сако – не костум. Како и плавото сако, сатенското сако додава некоја магија на твојот изглед и те прави поинаков од другите. Црната боја е твојата најсигурна опција, но доколку не се плашиш да експериментираш можеш да се обидеш со зелена, темноцрвена или морнарско плава боја.

Но внимавај, останатиот дел од облеката мора да ти биде едноставен.

  • Белото сако секогаш се носи со црни пантолони (ова е дел од Холивудската мода). Не е баш препорчливо да се носи во лето, бидејќи сезоната му започнува од Октомври до Март, но за свечени прилики можете да направите исклучок.
  • Иако се чини едноставно, во оваа комбинација лежи вистинска елеганција и одличен изглед. Особено ако оделото не е премногу елегантно можете да си дозволите и комбинација со интересни елегантни патики, и некоја откачена кравата.
  • Подолга кравата со елегантно сатенско сако е вистински избор за формална вечера, забава или некое случување. Но внимавајте во одбирањето на материјалот на оделото, не смеете да изгледате како новогодишен лампион.

Напиши коментар