Убавина

Изберете ја вистинската форма на ноктите

Постојат неколку основни облици на нокти:

1.Овални

Овој облик е можеби најпознат и најпопуларен помеѓу женската популација. Тоа не е така без причина бидејќи овој облик им одговара совршено  скоро на сите, а најмногу на оние со кратки и широки прсти. Овалните нокти визуелно ги издолжуваат вашите прсти и ги прават елегантни и негувани.

2.Квадратни

Најдобро им одговараат на оние со долги и тенки прсти.

3.Квадратно овални

Ова се нокти кај кои аглите се заоблени наместо остри. Овој облик ги прави широките нокти малку подолги, така што можете да ги пуштите ноктите и да ги носите долги, без тие да изгледаат гломазно. Овие нокти одговараат како на долги така и на кратки прсти.

4.Шпицести

Ови нокти најдобро им одговараат на оние кои имаат тесна основа на ноктот. Во принцип обликот е многу сличен на овалниот со тоа што должината на ноктите е истурпијана во шпиц. Овие нокти ја нагласуваат елеганцијата на рацете и должината на прстите, но нивна мана е тоа што лесно пукаат и тешки се за одржување.

5.Заокруглени

Перфектен облик за оние кои преферираат кратки нокти и лесно одржување на должината и обликот.

Напиши коментар