Мода

Избор есенска капа

Ни пристигнуваат ладни денови, а со тоа и потребата од потопла облека. Сега е вистински момент за избор на вашата зимска капа која истовремено ќе ве стопли и притоа на уникатен начин ќе го надополни вашиот целокупен изглед.

Во голем дел од колекциите за есен зима 2014/2015 ќе сретнете најразлични видови на капи, како плетени, крзнени, баретки, качкети, а посебно шешири во секакви форми и бои, со интересни додатоци од пердуви и монистра. Дефинитивно капите се оној моден додаток кој доминира оваа сезона. Ако се пронаоѓате помеѓу зависниците на капи, ова е ваша година.

Подолу погледнете повеќе модели кои се во мода како инспирација при вашата потрага по зимска капа.

 

Write A Comment