Убавина

Избришете ги ситните брчки со бел слез

Ова е еден природен начин да ги избришете ситните брчки од кожата. Овој начин е рецепт од нашите баби, кои наместо креми користели билки за убавината.

Потопете 50 гр суви цветови од бел слез со 3 дл вриена вода, и оставете го да отстои 5 минути. Процедете и додајте му две лажици мед. Натопете ја памучната крпа и ставете ја како облога на лицето и вратот. Оставете нека делува 20 минути. Ефектот ќе ве изненади.

Напиши коментар