ШоуБиз

Изгоре автобусот кој Мајли Сајрус го користеше за турнејата (Видео)

21-годишната Мајли во моментов е на својата турнеја насловена како “Bangerz Tour”. Меѓутоа, на патот до новата дестинација, еден од нејзините автобуси се запалил и во потполност изгорел. Тоа се случило во понеделникот вечерта на патот од Хјустон во Њу Орлеанс.

За среќа, во пожарот никој не бил повреден, а Мајли во Њу Орлеанс пристигнала со посебно возило. Нејзината сестра Ноах го снимила автобусот во пожар, а потоа видеото го објавила на Инстаграм.

https://www.youtube.com/watch?v=6ZhnIyD40EE

Напиши коментар