ШоуБиз

Излегоа деталите за трансформацијата на Брус Џенер: По промената на полот сака да го викаат Бриџит

Бившиот сопруг на Крис Џенер, Брус Џенер е се поблиску до операцијата за промена на полот.

Имено, Брус сватил дека е жена заробена во тело на маж, па одлучил тоа да го промени. Откако ја пуштил косата и го оперирал адамовото јаболко, прима хормонска терапија и се подготвува за операција.

Според списанието Стар Магазин, Брус ја контактирал својата долгогодишна пријателка и застапничка за правата на трансексуалците, Рене Ричардс која е исто така родена како жена заробена во тело на маж.

Брус ја контактирал со цел да се советува со неа дали е потребно да се подложи на операција или не, а тогаш таа одлучила да стане негов “тренер за промена на полот” кој психички ќе го подготува и ќе го води низ сето она што треба да го помине во текот на трансформацијата.

Според странските медиуми, Брус веќе се одлучил за име па така сака кога ќе го промени полот да го викаат Бриџит.

 

Write A Comment