Убавина

Излекувајте ја косата со јогурт

Јогуртот има природни антигабични и антибактеријски својства, а помага и во стимулирање на кожата на темето и растот нас косата. Тој може да ви помогне и да се ослободите од перутот и чешањето, а со оглед на тоа дека содржи протеини, тој исто така ја зајакнува и ја хидрира косата.

Пред да ставите шампон, нанесете и измасирајте ја косата со јогурт. Доколку имате подолга коса, важно е да го нанесете јогуртот по целата должина. Оставете да отстои така еден час, а ако можете да издржите, не е лошо да ја оставите и подолго. Измијте се со млака вода па нанесете шампон.

Доколку сакате на вашата коса да и овозможите протеински третман, измешајте малку јогурт и едно јајце. Белаката и жолчката различно делуваат на косата. Белката ја зајакнува и ја зачврстува косата, додека жолчката ја хидрира и и дава сјај. Ненесете исто како и јогуртот, но немојте да ја држите повеќе од еден час (преголема изложеност на протеини може да ја оштети косата). Измијте се со млака вода и ставете шампон.

Напиши коментар