Многу често тешко се ослободуваме од упорната кашлица. Понекогаш дури ни лековите не помагаат. Еден од најпознатите и навистина најделотворни начини во борбата со кашлицата е лист од зелка и мед. Тоа е навистина “златно” средство против кашлица.
За ова лекување не постои возрасна граница, подеднакво е ефикасен, како за мали деца, така и за возрасни.
Еве што треба да направите:
Полека одвоете еден лист од зелката. Листот треба да го ставите неколку минути во врела вода. Ќе стане топол и мек. Потоа едната страна намачкајте ја со мед. Таа страна, каде што е медот, ставете ја на градите. Одозгора ставете најлонска кеса и завиткајте се со шал или пешкир. Процедурата се парави пред спиење.
Доколку кашлицата е појака, ќе ви бидат потребни два лисат од зелка – едниот се става на градите, а другиот на грбот. Облогите се отстрануваат следниот ден. Кожата се пребришува со влажна крпа.
Ако бронхитисот е на почеток, резултатот ќе го забележите веднаш по првата процедура. Лекувањето треба да трае од пет до седум ноќи.
