Од 19. фебруар до 6. јули во Музејот за мебел во Виена се одржува специјала изложба наречена “Грди работи – Енциклопедија на лош вкус”. На неа се наоѓаат повеќе од 500 експонати од многу европски музеи.
“Грдите работи “ се многу интерсени – изложбата го покажува “развојот” на шундот, кичот и другите работи на “домашниот ужас” од вторта половина на 19. век па се до денеска.
На изложбта во Виенскиот Музеј можеме да ги видиме и “новите грешки”, и тоа не само естетски невкусни предмети, но исто така и оние кои се резултат на “новиот криминал” на ова поле.
Се разбира, тука е и “кинеското ѓубре”, евтини пластични производи, кои го затрупаа светот. Специфичноста на изложбата е дека сите посетители можат ги донесат нивните “грди работи” и да ги стават на полица.
На овој начин житлите на Виена и посетителите ќе можат да се ослободат од несаканите подароци кои не сакаат да ги фрлат.







