Motherhood

Изненадување: 4 нови факти за соновите

Постојат голем број на факти за соништата, спиењето кои нам ни се малку познати. Со сигурност знаеме дека во текот на ноќта се случуваат различни промени во мозокот, но научниците сеуште до крај не ги откриле тајните на човечките соништа. Ви ги претставуваме четирите најнови сознанија.

Сонуваме цела вечер

Познато е дека сонуваме во текот на РЕМ фазата. Но, најновите истрежувања покажуваат дека луѓето луѓето сонуваат цела ноќ.

-Соновите се по изразени во текот на оваа фаза од сонот, но доколку не се сеќавате на сонот, тоа не значи дека не сте сонувале. Во текот на ноќта РЕМ фазата временски се продолжува и соништата се најчести во зора, непосредно пред будење – вели доктор Рубин Најман.

Не ги памтиме соништата ако не буди аларм

Трауматичното будење со помош на пискав будилник или аларм од телефон-тоа се начини да го заборавите сонот.

-Најдобар начин да го запамтите сонот е да си дозволите себе си да се разбудите, полека, постепено, без стрес. Во таа опуштена фаза најлесно ќе видите за што сте сонувале – вели доктор Најман.

Сонуваме во реално време

-И покрај верувањето дека сонот трае само дел од секундата, во реалноста сонот трае 20, 30, 60 минути. Почетокот е поврзан со заспивањето, а сонот трае во текот на РЕМ фазата – објаснува докот Најман.

Кошмарите немаат никаква врска со стравовите

Лошите соништа не се пријатни за сонување, но не укажуваат на вашите реални стравови во животот.

 

Напиши коментар