Здраво тело

Јадење кое го оживува организмот – житарки!

Житните зрна се составени од три дела: обвивка, ‘ртулец и јадро. Во секој од нив има  хранливи материи со важна улога во начинот на исхраната на луѓето. Јадрото на житното зрно е богато со сложени јагленохидрати и протеини, кои се основен извор на енегрија и на мали количества минерали и витамини. ‘Ртулецот или ембрионот содржи антиоксиданси, витамини од групата на Б комплекс, витамин Е и незаситени масни киселини. Обвивката, пак, е извор на растителни влакна, минерали и витамини.

Житарките, без сомнение се едни од најважните намирници за човекот. Тие ги содржат сите пет хранливи материи – вода, минерали, протеини, маснотии и јаглехидрати, секако во различни количества кај различните видови жита. Сепак, тие материи кај житарките се во природна рамнотежа, која му годи на човечкиот организам.

Денес имаме обичај да се храниме со бели брашна, т.е. брашно добиено со отстрануваwе на обвивката и ‘ртулецот на зрното. Но, треба да се знае дека притоа се губат и благодетите на витамините, минералите, корисните масти и растителните влакна. Јадрото на житарките е богато со јагленохидрати, па тие материи кај брашното од рафинирано зрно стануваат необично концентрирани, без останатите хранливи материи погодни за организмот.

Оброк од (по можност) интегрални житарки, е препорачлив за почеток на денот. Тие нема да го преоптоварат желудникот, а организмот ќе ја добие потребната енергија за нормално функционирање. Главниот удел во сето тоа го имаат јаглехидратите кои бавно се разлагаат и кои во голем процент се застапени во житното зрно. Тие постепено ја ослободуваат потребната енергија, идеално за нормано функционираwе на организмот, кој по еден ваков здрав оброк нема да дава сигнали за глад или прејаденост.

Напиши коментар