Мојата кујна

Јадете храна и оддржете го телото во рамнотежа!

Не смееме да ги занемариме состојките кои ги хранат клетките во нашето тело. Тие прават обнова и чистење на сите штетни материи во организмот.

Ова се работите кои многу пати се посочени како важни за нашето здравје:

Вода – неопходна е за животот, а го сочинува и најголемиот дел од нашетот тело. Водата е составен дел од лимфите и крвта, а со нејзина помош потребните материи се доставуваат до сите наши ќелии. Исто така, со помош на водата, непотребните и штетни материи се исфрлаат од организмот.
Протеини – делуваат на раст и обновување на ткивото. Покрај тоа, помагаат и во создавањето на антитела, хормони и ензими кои се неопходни за одвивање на сите процеси во организмот. Изворот на белковини је следен: месо, риба, млеко, млечни производи, живинско месо, јајца, ореви, мешунки…

Масти – ги штитат нашите внатрешни органи, нè чуваат од студ, ни даваат неопходна енергија и помагаат во ресорпција на некои витамини.

Јаглехидрати – покрај мастите, тие се главен извор на енергија за нашиот организам. Во простите јаглени хидрати спаѓа шеќерот, а во сложените скробот. Скробот највеќе го има во лебот и компирот.

Витамини и минерали – нам ни се потребни во многу мали количини, па затоа и се нарекуваат микрохранливи материи. Витамините и минералите му служат на организмот за нормален раст и живот, а нè штитат од многу болести.

Растителни влакна – се наоѓаат во несварливите делови на расителните намирници. Растителните влакна поволно делуваат на органите за варење, крвните садови и срцето.

На организмот му се потребни сите овие набројани материи, а со помош на науката е дојдено до заклучок колку се дневно пропорчаните дози од сите овие хранливи материи.
Доколку некои од потребните состојки недоволно се внесува во орагнизмот, тогаш се нарушува здравјето, па организмот е подложен на инфекции и болести.
Современата брза храна (во развиените земји), во организмот се внесува повеќе од што е потребно: масти, протеини, холестерол, шеќер и соли. Таквата исхрана доведува до дебелина и нарушување на здравјето. Дебелината стана “болест “на современиот човек, а најизразена е во Америка, а постепено се шири и во другите развиени земји.
Од наведеното може да се заклучи колку е важна избалансирана исхрана, а со внесувањето во организмот на сите важни состојќи во потребните колиличини, се создаваат предуслови за здрав живот и се спречува дебелина.

Write A Comment