Здраво тело

Јадете јаткасти плодови, во нив е одговорот за долг и здрав живот!

Важно е да се знае дека јаткастите овошја се семиња каде материјата е високо концентрирана, бидејќи семето треба да му ги обезбеди сите потребни хранливи материи на младото растение додека тоа не развие корен и листови.

Многу луѓе избегнуваат да јадат јаткасти овошја плашејќи се од присуството на маснотии и калории кај овие плодови. Но, иако е точно дека јаткастите овошја содржат високи количества растителни масти и калории,  за кои треба да се истакне дека имаат благотворно дејство врз организмот, нивното целосно исклучување од исхраната ќе ве лиши од многу други важни хранливи состојки. Тоа се должи на фактот што содржат само незаситени масни киселини, омега-3 и омега-6.

Неколку истражувања покажале дека луѓето кои редовно ги вклучуваат јаткастите овошја во својата исхрана поретко страдаат од срцеви проблеми. Исто така, забележано е дека некои од овие плодови, како бадемите и оревите, ги намалуваат количествата на штетниот холестерол во организмот. Иако јаткастите овошја содржат повеќе субстанции кои благотворно делуваат на срцето, се смета дека нивната најголема доблест е присуството на омега-3 масните киселини (кои се незаменливи за поделбата на клетките и нивниот развој во организмот). Јаткастите овошја, исто така се богати со калциум, магнезиум, калиум, а содржат и витамини, минерали како и значителна количина на протеини.

Во групата на јаткасти овошја спаѓаат бадеми, ореви, лешници, кокос, ф`стаци, кикиритки и други.

Write A Comment