Здраво тело

Јогата го трансформира вашето тело

Јогата е позната по својата способност да го намали нивото на стрес, но и по бројни придобивки за физичкото здравје. Практикувањето на оваа источна вештина во западниот свет стана симбол на мирот, здравјето и благосостојбата. Прочитајте на кои сè начини јогата делува позитивно на вашето здравје.

Веднаш по вежбањето

Ја подобрува работата на мозокот

По само 20 минути од практикување на јогата, забележано е подобрување на когнитивните функции, подобрена концентрација и подобра меморија. На Универзитетот во Илиноис, било спроведено истражување во кое студентите кои вежбале 20 минути јога пред испит, покажале далеку подобри резултати од оние студенти кои не го правеле тоа.

Го намалува нивото на стрес

Јогата ја намалува активноста на протеините кои играат важна улога во воспалителните процеси и со тоа го намалува нивото на стрес.

Ја зголемува флексибилноста

Една неодамнешна студија направена на Универзитетот во Колорадо, покажала дека биркам јогата, дисциплина која подразбира вежбање асани во загреана просторија, ја подобрува флексибилноста на долниот дел од грбот, рамениците и тетивите.

По неколку месеци

Нисок крвен притисок

Истражувачите на Универзитетот во Колорадо, откриле дека луѓето со умерена хипертензија имаат придобивки од долгорочното практикување јога.

Зголемен капацитет на белите дробови

Во едно мало истражување спроведено на Универзитетот Бол Стејт се покажало дека вежбањето јога во тек на 15 седмици може да го зголеми белодробниот капацитет, односно максималната количина воздух која може да биде издишана.

Ја подобрува сексуалната функција

Истражувањето спроведено на Харвард во 2009, покажало дека практикувањето јога ја поттикнува сексуалната желба и сексуалното задоволство кај жените и го прави оргазмот посилен. Јогата воедно им помага на жените да го осознаат и доживеат своето тело.

Помалку болки во вратот

Една германска студија објавена во научното списание за болка покажала дека ајенгар јогата ефикасно го намалува интензитетот на болките во вратот.

Делува против анксиозност

Студија спроведена на Универзитетот во Бостон во 2010 година, покажала дека практикување на јога во текот на една година, помага во отстранувањето на анксиозноста и го зголемува нивото на гамааминобутерната киселина, која се бори против депресијата и пореметувањата проследени со анксиозност.

Помага при хронични болки во грбот

Истражувачите на Универзитетот во Западна Вирџинија откриле дека ајенгар јогата е поефикасна во намалувањето на болката и подобрувањето на расположението отколку стандардните медицински третмани за болки во долниот дел од грбот.

Го стабилизира нивото на шеќер во крвта кај луѓе со дијабетис

Јогата во комбинација со стандардната терапија за дијабетис може да доведе до стабилизирање на ниво на шеќер во крвта, покажува една студија од 2011. Три месеци практикување јога може да доведе до намалување на индексот на телесната маса.

Подобро чувство за рамнотежа

Вежбањето на ајенгар јога, кај постари лица го подобрува балансот и спречува паѓања кај жени постари од 65 години.

По неколку години

Појаки коски

Пилот студија од 2009 спроведена од страна на Лорен Фишмен, покажала дека вежбањето јога кај постари личности ја подобрува густината на коските.

Здрава телесна маса

Истражувачите од Истражувачкиот центар за проучување на карцином Фред Хачинсон во Сиетл, откриле дека постои врска меѓу редовното вежбање јога и намалената телесна маса. Испитувале 15 000 здрави лица во средните години од животот.

Помал ризик од срцеви заболувања

Јогата го намалува факторот на ризик од срцеви заболувања како што се висок крвен притисок, холестерол и шеќер во крвта, покажала студијата објавена во списанието Harvard Health Publication.

Write A Comment