Здраво тело

Јогата помага при несоница

Резултатите од најновото истражување покажале дека практикувањето на јога неколку пати неделно може значително да ги ублажи проблемите со спиењето и другите несакани симптоми на постменопаузата. „Ние е тврдиме дека јогата може да ги излечи симптомите на постменопаузата. Но, таа може значитално да ги олесни, особено проблемите со спиењето“, изјавила Dr. Helena Hachul, една од авторите на истражувањето.

Јогата е древна вештина за постигнување на равнотежа помеѓу духот и телото. Со целосно совладување на оваа техника на медитација се постигнува ослободување од стресот и болката, а човекот станува посмирен и повитален.

Јогата релаксира и дава енергија, го намалува или отстранува стресот, ја намалува напнатоста во грбот, вратот, ја намалува болката и ги отстранува пореметувањата во спиењето (пример несоницата).

Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Menopause“.

Write A Comment