Познато е дека пробиотичкиот јогурт може да помогне во смирувањето на стомачните тешкотии, а сега, научниците тврдат дека позитивно влијае и на машкоста.
Научниците од Технолошкиот институт од Масачусетс, направија експеримент на глувци, при што на една група им било давано доза на јогурт, секојдневно, а друга група биле хранети со класична, односно брза храна. Тестисите на глувците кои секојдневно добивале јогурт, имале за 5% – 10% потешки тестиси за разлика од останатите.
Освен тоа, глувците кои добивале јогурт, значително полесно и побргу ги оплодувале женките и добивале повеќе потомци. Резултатите од истражувањето би можеле да имаат импликации врз човечката плодност, а научниците наскоро ќе почнат да истражуваат дали е можно да се поврзаат конзумацијата на јогурт и квалитетот на спермата.
До интересното откритие научниците дошле случајно, додека го испитувале ефектот од јогуртот врз дебелината. За да докажат дека конзумирањето јогурт може да го спречи дебелењето во зрелата доба, на глувците им давале јогурт со вкус на ванила.
Глувците кои добивале јогурт имале значително поголеми тестиси, а освен што ги направиле поголеми „ заводници “, пробиотиците им овозможиле и посјајни и погусти влакна.