← НАЗАД НА БОЗА

Кафето не лечи мамурлук !?

Кафето не лечи мамурлук !?
540 Читања

Пиењето кафе нема да Ви помогне околу утринскиот мамурлук. Само ќе Ве доведе во заблуда…

Ова го потврдуваат испитувачите на Универзитетот „ Темпл “, во Филаделфија, пренесува ВВС. Баш напротив, посегнувањето по шолја кафе може да биде најлошата работа која може да ја направите за да се отрезните, се укажува во најновите студии.

Резултатите од истражувањето, спроведени на глувци, покажуваат дека пиењето кафе прави да се почувствувате како да си „ доаѓате на себе “, но во суштина, тоа е илузија. На луѓето, после шолја кафе им е дури потешко да сфатат дека се под дејство на алкохол.

Научниците на глувците им дале доза на алкохол и кофеин во различни размери и го набљудувале нивното однесување во лавиринтот, за разлика од другите глувци на кој им бил даден неутрален раствор. Дозите на кофеин кои им биле дадени на глувците, еквивалентни се на количината од осум шолји кафе за луѓе.

Алкохолот ги опуштил глувците, но затоа пак послабо ги избегнувале непријатните шокови. Глувците кои примиле кофеин подобро се снаоѓале во лавиринтот, но биле понапнати и погруби. Глувците кои ја примиле комбинацијата од алкохол и кофеин и понатаму биле опуштени, но не можеле да ги избегнат замките во лавиринтот.

Со оглед на сето тоа, констатирано е дека комбинацијата од алкохол и кофеин само ги наведува пијаните луѓе да се чувствуваат трезни…

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk