Даниел Кајмакоски, суперфиналистот на најпопуларниот шоу програм на Балканот, викендот го помина во Македонија, а мини одморот го искористи за да се дружи со своите верни обожаватели.
Судејќи според фотографиите и видео клипот Кајмакоски веќе е голема музичка ѕвезда, огромоен број луѓе дошле да го запознаат и да се фотографираат со него, а како што дознаваме средбата поминала совршено: девојките плачеле од среќа, вриштеле, а Даниел добил многу подароци од своите обожавателки.
Ги наполнив батериите со енергијата на моите фанови и подготвен сум за суперфинале – изјавил задоволно Кајмакоски.
Погледнете како фановите го дочекале Даниел во Скопје:

