Вежби за дишење со кои ќе престанете да пушите не се изум на модерната медицина. Повеќе од еден милениум активно се користат во јогата. Таквите вежби значително влијаат на човечкиот организам. Помагаат за правилен развој и тренинг на дишните органи и чистење на организмот од несаканите ефекти од пушењето. Предностите на таквите вежби се тестирани низ илјадa години.
Вежбите се изведуваат многу едноставно. Одберете ги оние кои вам ви одговараат и правете ги секое утро и во текот на денот, кога ќе осетите желба за пушење. Обично после овие вежби желбата за пушење исчезнува.
Вежби за дишење за престанок со пушење.
Вежба бр.1
Кога ќе почувствувате силна желба за пушење, излезете на свеж воздух. Исправете се и опуштете се. Вдишете длабоко со полна плуќа и задржете го воздухот на 3-5 секунди потоа полека издишете. На крајот од издишувањето задржете го повторно воздухот од 3-5 секунди. Повторете ја вежбата 10 пати. По повторувањето на вежбите, ќе осетите вртоглавица, која е поврзана со заситувањето на мозокот со кислород. Како резултат, желбата за пушење ќе исчезне на подолго време.
Вежба бр.2
Споро вдишете воздух преку носот и малку побрзо издишете го. Ако се поистоветите себеси со парна локомотива, вежбата не само што ќе биде ефикасна, туку и забавна. Вежбата почнете ја полека,зголемувајќи го темпото. Во еден циклус направете по 30 вдишувања и издишувања. По секој циклус одморете се 1 минута. За да добиете добар резултат, направете 5-6 циклуси. Вежбата праверте ја секој пат кога ќе осетите желба за пушење. Постепено,ќе приметите дека повеќе и не размислувате толку често за цигари.
Кога ги работите овие едноставни вежби, плуќата ја добива потребната количина на кислород (бидејќи недоволната вентилација доведува до општо намалување на бројот на респираторни движења во минута), градниот кош добива правилна инервација (снабдување со енергија) од страна на завршетоците на нервниот систем, а абдоминалните органи добиваат лесна систематска масажа благодарејќи на јаките ритмички движења на дијафрагмата. Правете ги овие вежби секој пат кога ќе почувствувате желба за пушење.