Motherhood

Како бебињата го гледаат светот?

Светот надвор од матката, најверојатно им е чуден и малку застрашувачки. Родителите, по раѓањето на детето, во главно се фокусираат на тоа тоа бебето да има се што му е потребно, да воспостават правилен ритам на хранење и спиење. Меѓутоа, забораваат на промената кое детето ја доживува: во матката секогаш му било совршено, му било топло и било секогаш сито, а надвор има толку многу различни мириси, температури, ситуации и потреби. Повеќе ништо не е трајно, а тоа е голем шок за нивниот систем.

Првиот месец

Првите 12 недели од животот на бебето често се нарекува “четврто тромесечие”, бидејќи детето сеуште наликува на дете од матката. Затоа, мајката треба да го држи детето во своја близина, да му се смее и да комуницира со него. Бебињата во текот на првите две недели од животот го гледаат само она што им е пред носот, на неколку сантиметри оддалеченост. Ја препознаваат светлината, облиците и движењата, но сликата им е доста матна.

Бебињата гледаат околу 30 сантиметри, па затоа е многу важно да го запознаат вашето лице. Во текот на првиот месец често секое око гледа на своја страна, што е нормално. Во следните неколку месеци очите ќе успеат да се “договорат” и да го насочат погледот во едена насока.

Од вториот до третиот месец

Во текот на вториот и третиот месец од животот на бебето, видот се подобрува. Тоа е идеално време за воведување на играчки во различни јаки бои. Имено, бебињата од раѓање ги распознаваат боите, но само контрастите.

Од четвртиот до шестиот месец

Од четвртиот до шестиот месец  децата почнуваат подобро да го доживуваат своето тело, а напредуваат и со координацијата па почуваат да ги фаќаат предметите кои ги гледаат. Ги гледаат рацете и сваќаат како можат да ги контролираат движењата.

Од седмиот месец

Од седмиот месец детето веќе јасно гледа што се случува во околината, но не и на голема далечина , бидејќи тоа едноставно не му е потребно. До крајот на првата година ќе може да ги препознава предметите и луѓето на растојание од неколку десетици метри.

Write A Comment