Има неколку начини кои што можат да ви помогнат да се ослободите од масните наслаги на лицето, без да легнувате под нож.
- Намалете ја консумацијата на сол и алкохол.Алкохолот и солта предизвикуваат задржување на вода во телото, а лицето е склоно да задржува вода. Алкохолот го дехидрира телото и ја расипува вашата диета.
- Пијте многу вода. Во идеален случај, вие би требало да пиете 8 чаши вода дневно. Многу често буцкастото лице е резултат на недостатокот на вода. Ако ви е досадно да пиете само вода, додајте во неа сок од зелен или жолт лимон. Тоа ќе ви помогне да ги елиминирате токсините од телото.
- Јадете свежа непреработена храна. Вклучете сурови зеленчуци и овошје во вашата секојдневна исхрана. Избегнувате ги јаглехидратите и шеќерите.
- Внесувајте повеќе растителни влака и намалете ја консумацијата на масти. Ако го правите тоа, вашето тело ќе биде поздраво и ќе имате повеќе енергија.
