Одбројувањето до најлудата ноќ започна, а вие се уште не сте купиле фустан. Пред да тргнете во шопинг, имајте на ум дека формата на телото е пресудна при изборот на ова модно парче.
Ако вашата фигура има форма на песочен часовник, определете се за елегантен црн фустан со трклезна јака, кој ќе ја истакне вашата вита линија.
Ако телото ви е повеќе правоаголно, размислете за оној што се шири во долниот дел, но во струкот е потесен и има тркалезно деколте.
За да сокриете дека рамената ви се пошироки од колковите, изберете фустан што ја следи линијата на телото и високи потпетици.
За дамите кај кои ситуацијата е обратна, решението е во класичниот модел и истакнат гердан, кој ќе го одвлекува вниманието на деколтето, а не на колковите. Ова е карактеристично за жени со крушковидна форма на тело, а препорака за оние со атлетска градба е брановиден фустан со V-изрез.
И најлудата ноќ може да започне!