Motherhood

Како да го однесете пред олтар според хороскопските знаци

Женската природа е интуитивна, за разлика од мажите, чија природа е логична и за сé е потребна причина. Еве како треба да го “натерате” мажот да посака брак:)

Овен

Мажите Oвни често се повлекуваат во себе што може да биде голем проблем во врската и бракот. Од овие типови не треба да очекувате соработка туку треба да ги оставите да бидат водачи. Често имаат голема потреба од љубов која може брзо да спласне, и треба често да им удолувате зошто не разбираат одбивање, а уште помалку изговорот “уморна сум за секс”. Ако стапите во брак со овен ќе имате долг и хармоничен брак.

Бик

Ако сакате да освоите маж од овој знак треба да бидете енергични и многу флексибилни на него. Ако имате стан или некоја друга недвижнина сигурно нема да биде имун на вашиот “шарм”. Треба добро да се снаоѓате во кујната, многу малку да зборувате за работата, и да сте секогаш расположени за секс. Е тогаш ќе биде спремен за брак. Тие не сакаат многу мудрости и компликации.

Близнаци

Ако сакате спорт, забава, динамичен живот, дружење… лесно ќе освоите маж од овој знак затоа што кај нив секогаш е присутна желбата за нови искуства. Ако сте со филозофски дух и склони кон многу толкувања и драмења немате шанси кај него. Ако направите да имате лабава  и лесна врска вие сте на прав пат да го однесете пред олтар.

Рак

Мажот роден во овој знак е пречувствителен, заштитнички расположен, полн со емоции и меланхоличен. Сака силна жена која ќе биде воедно и негова “мајка”. Ако сте ладни, резервирани и секогаш спремни за забава ќе го одалечите од себе. Тие сакаат жени кои ќе го пратат постојано и ќе бидат нивна подршка. Сонуваат за мирен живот во круг на семејството.

Лав

Мажите родени во овој знак сакаат убава и привлечна жена со која ќе се гордеат пред пријателите и било каде да се појават во јавност. Исто така важно им дали жената е супериорна, тие не трпат некој да е посупериорен од нив. Не трпат критики, а најмногу ги нервира ако ги критикувате пред други. Сакаат жени кои сакаат да ги следат, да бидат кукли кои само ќе седат до нив и ќе потврдуваат на секое нивно барање.

Девица

Ако сте спремни на живот без авантури, на едноставен и едноличен живот каде обврските ќе ви бидат на прво место тогаш ќе може да го освоите мажот Девица и да имате идиличен живот. Во прашање се паметни и практични луѓе, но воедно од партнерката бараат верност и посветеност. Лесно е да заведеш маж Девица, само бидете спонтана. Не му зборете за коса, нокти, кожа ако сакате да го задржите во разговорот. Тие сакаат инетелегнта жена со која ќе може да разговараат.

Вага

Мажите Ваги имаат мал проблем со сигурноста во себе. Затоа тие сакаат жена која ќе биде доминантна, која ќе ги води, ќе им биде потпора и ќе им помага во животните одлуки. Не сакаат прости и вулгарни жени, жената која може да ги привлече е со добри манири и одмерена. Имаат способност за кавга, па ако сакате да го однесете пред олтар и да го задржите бракот не учествивајте во кавгите кои сам тој си ги креира.

Шкорпија

Некаде длабоко во себе мажот Шкорпија се плаши од искуствата кои ги имал од минатото да не се повторат. Тие се помалку посесивни, а со стравот кој што го имаат често прават работи кои може да ве повредат и изненадат. Ако сте спремни за страсна врска во која ќе нема место за никој друг, па ни за вашата мајка тогаш вие ќе имате убав брак.

Стрелец

Мажите родени во овој знак се залагаат за слобода во бракот. Сакаат паметна жена која има активен друштвен живот. Ако сте тип кој сака да поминува поголем дел од времето со партнерот и кога сте во врска се сведувате на неа, вие немате шанси кај него. Тие се противници на патријахалното воспитување и неги ценат таквите жени. Ако имате силен дух, попустлив карактер и слабо нагласено его ќе имате шанси за брак.

Јарец

Мажите родени во овој знак сакаат кротки и разумни жени кои немаат потреба за филозофски разговори и комплициран живот. Од својата жена очекуваат да биде добра мајка и домаќинка. Имаат големи сексуални потреби, и важно е да може да ги пратите. Не ги одобруваат модерните бракови, тие го тераат традиционалниот концепт. Жената која сака маж Јарец и ако сака да стапи во брак со него треба да ја убие желбата за доминација.

Водолија

Мажот од овој знак тешко воспоставува блискост со својата партнерка. Тие сакаат интересни и посебни жени кои ќе може да ја разберат нивната желба за слобода. Тие се плашат од преголемо врзување и затоа ако сакате да ги задржите немојте да бидете премногу напорна. Ако сте способна да имате активен друштвен живот и лесно прифаќате нови луѓе во животот вие имате шанси кај него. Не му давајте наредби, не барајте многу разговор и само така ќе успеете.

Риби

Ова се нежни мажи кои сакаат силна жена покрај себе. Не сакаат кога партнерката се жали на тоа колку е повредена. Имаат голема потреба за врзување, но само со жена која е паметна и која знае да изреагира во секоја ситуација. Не му замерувајте на грешките или стравовите доколку ги забележите кај нив, тоа ќе го одалечи од вас.

Write A Comment