Motherhood

Како да го подготвите детето на одвојување од вас

Станува збор за нормална развојна фаза, иако таа може да биде исцрпувачка и за детето и за мајката.

Стравот од одвојување од родителите или сепарациска анксиозност е нормална и природна реакција на детето.

На возраст од шест до осум месеци, повеќето бебиња почнуваат да изразуваат сепарациски страв. Бебето поради тоа ќе протестира во две ситуации – во присуството на непознато лице и поради одвојувањето од родителите. Можеби ќе ви биде необична таквата пресвртница, од бебе кое на три месечна возраст било пријателски расположено кон сите, во бебе кое станува нервозно ако и се приближи непознато лице, но таквата реакција е нормална и природна. Бебето на тој начин покажува дека е способно да ги разликува познатите од непознатите лица.

Негодувањето и стравот поради раздвојувањето од родителите претставува почеток на сепарациска анксиозност. Поради тоа што, детето во предучилишна возраст не е свесно за времето, не може да предвиди кога ќе се врати родителот, а не е на степен на развој за да може да замисли кога тоа ќе се случи. Кога детето ќе порасне, искуството дека родителот секогаш се враќа, го смирува и го оспособува да го очекува неговото враќaње.

Но, се додека детето го нема доволно тоа искуство од овојување од родителите, тоа ќе се вознемирува и ќе плаче дури и ако родителот оди само на момент во другата соба.

Ситуации кои можат да предизвикаат чувство на анксиозност кај малото дете се:

* кога родителот ќе ја напушти собата

* кога мајката оди во болница да роди друго дете

* кога детето оди во болница

* кога родителите излегуваат на вечера

* кога детето ќе тргне во градинка

* преселување во нов дом, нов град

* расправии и напнатост во семејството

* развод на родителите

Должината на траењето на сепарациската анксиозност зависи од начинот на кој родителите одговараат на детскиот страв од одвојувањето, како и особините на личноста на детето. За да се намали стравот кај детето поради сепарација од родителите, тоа треба да се прилагоди на новонастанатата ситуација, околината и луѓето. Прилагодувањето на новата ситуација во просек трае две недели, но може да трае многу подолго, па дури и целиот предучилишен период.

 

Write A Comment