Motherhood

Како да го сочувате здравјето на вашите деца?

Добрите бактерии, односно пробиотици, ги штитат од инфекции дури и малите деца. Употребата на пробиотици е поврзана со помал ризик за благи инфекции кај децата од предучилишна возраст, покажува истражувањето спроведено во Мексико.

Пробиотици се живи микроорганизми, т.н. добри бактерии, кои ако се применуваат во соодветна количина имаат корисни ефекти врз здравјето. Во тримесечно истражување е утрвдено дека примената на бактериите “lactobacillus reuteri DSM 17938″ била поврзана со помал ризик за респираторни инфекции и дијареа кај децата.

Foto-ilustracija: FreeDigitalPhotos/Master isolated images

Стручното списание “Педијатрикс”, вели новите сознанија собрани на примерок од 336 деца помлади од 3 години потврдуваат превентивен потенцијал на пробиотици. Истражувачите додаваат дека е позитивен ефектот на пробиотици кога е во прашање намалување на ризикот од респираторни (дишење) и гастроинтестинални (желудникот) инфекции бил присутен и откако децата ќе престанат да ги земаат.

Напиши коментар