Дури и на најискусните готвачи и домаќинки им се случува понекогаш погрешно да ја проценат количината на сол што треба да ја стават во некое јадење.
Сте одлучиле за ручек или вечера да направите супа, манџа, или некое друго омилено јадење, меѓутоа случајно сте ставиле малку повеќе сол и се испаднало премногу солено. За среќа, постои надеж!
Се што ви е потребно да ги поправите работите е нешто кисело. Во зависност од јадењето можете да додадете и лимонов сок, оцет или сок од домати.
Професионалните кувари препорачуваат во пресоленото јадење да додадете малку сода бикарбона, која ќе го апсорбира вишокот сол, а нашите баби советуваат во храната да ставите еден цел излупен компир кој додека се вари ќе ја “впие” солта. Се надеваме дека ви помогнавме да послужите совршен оброк!
