Металните тави, плехови, ножеви и друг готварски прибор понекогаш и покрај темелното чистење можат да фатат ‘рѓа. Ви предлагаме да се обидете да ја исчистите со употреба на нетоксично, еколошко и ефтино средство.
Пресечете еден компир на половина. Пресечената страна намачкајте ја со сода бикарбона и со него тријте ја ‘рѓосанта површина од тавата. Ако по некое време компирот почне да лизга, пресечете тенок дел и на чистиот остаток повторно налепете сода бикарбона. Продолжете со триење додека да се одстрани целата ‘рѓа. Потоа едноставно исплакнете ја тавата со чиста вода и можете да ја употребувате за готвење.
