Motherhood

Како да ја одржите хармонијата помеѓу работата и семејството?

Постои начин како да ја пронајдете равнотежата помеѓу приватниот и пословниот живот, и тоа е полесно отколку што мислите.

Направете распоред

Помеѓу 8-16 часот, вие сте професионалец. Фокусирајте се само на работата. Откако ќе поминe работното време, повторно станувате мајка. Поставете строги временски ограничувања за работа и за семејство, во потполност одвоете ги.

Исклучете го мобилниот телефон кога се дружите со семејството

Технологијата пронајде начин како да стане дел од нашиот живот 24 часа дневно. Иако ни го олеснува секојдневниот живот, мејловите и деловните разговори во доцните часови, можат да ни ја нарушат рамнотежата. Кога е време се семејството – така однесувајте се. Исклучете се и опуштете се со луѓето кои најмногу ги сакате.

Искористете го времето на најдобар начин

Немјте да ги одолговлекувате и да ги одлагате своите обврски. Кога сте на работа, потрудете се да завршите се што имате. Бидејќи, ако работата ја носите дома, тогаш крадете од времето кое треба да му го посветите на семејството.

Нешто правете за пари, а нешто…

Убаво е чувството кога ќе завршите некој проект или кога ќе постигнете успех во компанијата во која работите, но сите ние, на крајот на краиштата, работиме за пари. Вие работите за да можете на своето семејство да му овозможите се што заслужува. Имајте го тоа на ум, па ќе се потрудите да го дадете својот максимум и на работа и дома.

Пронајдете време само за себе

Врмето посветено само на вас ќе ви овозможи да го одржите балансот и фокусираноста, бидејќи тоагш полено ќе можете да им се посветите на обврските доам и на работа. Никогаш не заборавајте дека и вие сте важни и дека и вам понекогаш ви треба време само за себе, па макар и половина час.

Write A Comment