Една од најчестите причини за привремено губење на слухот е создавањето чеп од ушната маст.
За да ја отстраните ушната маст, а притоа да не го повредите увото, постапете вака:
Загрејте една лажица водород пероксид со ставање на шишенцето во мијалник полн со топла вода. Наведнете ја главата настрана и ставете неколку капки од течноста во затнатото уво. По три минути наведнете ја главата на другата страна и пуштете водород пероксидот да се излее на крпа или на хартиено марамче. Ушната маст е омекната, па ќе можете да ја отстраните со парче вата. Ако не успеете повторете ја постапката.
Ако маста е многу густа и отпорна на водород пероксидот, обидете се да ја омекнете со неколку капки рицинусово масло или глицерин. Ако не помогне ни тоа, побарајте лекарска помош.
